11/11/2025
Дебрца

Трактор и патничко возило се судрија на локален пат во Требеништа, повредени две лица

На 30.10.2025 во 16:10 часот, на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б.(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(72), двајцата од с.Требеништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната Д.Д., сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа.

Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.