18/04/2024
Спорт

Трансфер на Адис Јаховиќ во Коњаспор

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ потпиша за Коњаспор. Иако веќе долго време се разговараше околу неговата иднина во Турција, сепак пред истекот на зимскиот трансфер период Коњаспор направи напори и го доведе Јаховиќ во своите редови.

„Среќни сме што го имаме Јаховиќ кај нас. Направивме многу важен трансфер. Тој е едно од најголемите имиња во турската Суперлига. Веруваме дека Адис Јаховиќ ќе се адаптира во тимот за многу кратко време и ќе има важна улога. Адис е име кое беше многу успешно претходно во повеќе земји низ Европа. Со неговото ангажирање ќе ја подобриме ефикасноста во постигнувањето голови, проблем кој го имавме од почетокот на сезоната.“ – изјави претседателот на клубот Фатих Јилмаз.

„Дојдов во голем клуб. Атмосферата е одлична, стадионот е спектакуларен, се чувствувам одлично. Запознат сум со Коњаспор, со сите достигнувања на клубот и во Европа и во турската Суперлига. Ќе се дадеме се од себе и ние играчите и нашите фанови, за да постигнеме одлични резултати и да ја подобриме состојбата на клубот на табелата.“ – изјави Јаховиќ.

Јаховиќ потпиша 3 и пол годишен договор со Коњаспор, а ќе го носи дресот со број 88.

Коњаспор е моментално на 17 (претпоследно) место од табелата во турската Супер лига.

Јаховиќ се очекува да дебитира за Коњаспор во четврток (01.02.2018) во Турскиот Куп против тимот на Галатасарај.

WebOhrid