19/04/2024
Спорт

Трансфер на Никола Јакимовски во Виченца

Виченца токму на истекот од зимскиот трансфер период успеа да го доведе во своите редови македонскиот интернационалец, 27-годишниот играч од средниот ред, Никола Јакимовски. Тој, до крајот од сезоната во Виченца ќе настапува како позајмен играч во италијанската Серија Ц1-Б.

Претходно Јакимовски има настапувано за: Македонија ЃП, Ференцварош, Тетекс, Јавор, Нагоја, Јагодина, Варезе, Комо, Бари и Беневенто.

Во Беневенто кој е последнопласиран во италијанската Серија А, во есенскиот дел од првенството Јакимовски не се најде дури ни на клупата, додека пак за истиот тим претходната сезона во Серија Б, Јакимовски одигра 10 натпревари и постигна еден гол.

Можност за деби во Виченца, Јакимовски ќе има во сабота (03.02.2018) на гости против тимот на ФералпиСало.

WebOhrid