03/12/2024
Спорт

Трансфер на Пандев во Парма

Горан Пандев е нов член на Парма. Тој ќе ја заврши кариерата во италијанската Серија Б. 

Џенова се бори за опстанок во Серија А, а со оглед на годините, Пандев не добиваше голема минутажа во есенскиот дел од првенството. Од друга страна, Парма е на 12 место во Серија Б и ќе се обиде со новите засилувања да обезбеди место на табелата кое води до промоција во Серија А. Покрај засилувањето со нови млади таленти, добредојдено ќе биде и искуството на 38-годишниот Пандев, а тука е и легендата на италијанскиот фудбал, 44-годишниот Џанлуиџи Буфон кој го брани голот на Парма.

Пандев ќе има можност да го одигра неговиот деби натпревар за Парма во сабота (5 февруари) кога неговиот нов клуб игра во гости против Беневенто.


ВебОхрид / 01.02.2022 / фото: parmacalcio1913.com