19/04/2024
Охрид

Трет студентски филмски фестивал „Филмоција“ во Охрид

Инситут за филм – филмска Академија Охрид во периодот од 2ри до 6ти април, 2018 година, го организира својот трет студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

Овој настан предвидува разновидна и богата четиридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.

Официјалното отварање на фестивалот започнува во понеделник, 2ри април во 19 часот, со филмот Rooftop Story на Газменд Нела, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.

Влезот е бесплатен за сите посетители.