20/04/2024
Спорт

Три дена до почетокот на „Охрид трчаТ“

Третиот ден од одбројувањето до почетокот на „Охрид трчаТ“ е посветен на лицата со ретки болести и Здружението во Охрид кое три години беспрекорно функционира во нашиот град.

Екипата на Здружението за поддршка на лицата со ретки болести ќе биде најголема во тим билдинг трката и ќе испрати моќна и силна порака од најголемата манифестација во Охрид.

Асоцијацијата на спортови „Сите за спорт-спорт за Сите“ има нераскинлива врска со Здружението за поддршка на лицата со ретки болести и секогаш ги вклучува во активностите.

Главниот настан на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи в недела на 3 јуни со почеток во 10 часот, а в сабота ќе се подигнуваат стартните пакети и на програмата ќе биде детската трка.