28/03/2024
Охрид

Три лица напднале охриѓанец и полициски службеници

На 19.02.2021 околу 02.30 часот во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода Љ.Р.(32), Д.Р.(37) и Џ.И.(32), сите од Охрид, затоа што физички ги нападнале Ј.С.(44) од Охрид и полициски службеници од СВР Охрид, кои излегле на местото по пријава дека патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Р., удрило во паркирано патничко возило „рено канго“, со охридски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.