20/04/2024
Македонија

Трибина на тема „Жените во безбедносните служби“

Прашањето на родовата еднаквост, поставено од аспект на неговата оправданост е одамна веќе одговорено и никој од нас нема дилема или сомнеж каде е местото на жената во сите општествени текови и дали таа треба да биде дел од одлучувачките процеси во државата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината на тема „Жените во безбедносните служби“ во организација на Советот на Македонскиот полициски синдикат за МВР што денеска се одржа во Центарот за обука на МВР. Трибината се организира како дел од одбележувањето на “7-ми Мај“, денот на македонската полиција.

„Ја имате мојата поддршка за секој проект и за секоја иницијатива која ќе ја зајакне довербата на граѓаните во нашето министерство, но истовремено позитивно ќе влијае и на условите за работа во министерството. Уверен сум дека ваквиот облик на дебати е еден од навистина корисните инструменти што ни стојат на располагање во систематското и целосно имплементирање на концептот на родова или полова еднаквост, чии што вредности и валоризација се во интерес не само на институциите туку на општеството во целина“, рече министерот Спасовски.

Државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска рече дека искуството покажува дека образованието, знаењето и вештините се пресудни  за една личност да биде компатибилна за одредена професија и работно место.

„Самодовербата да се борите да напредувате, да преземете одговорност за тешки општествени и државни обврски, се стекнува тогаш и само тогаш, кога сте убедени дека вашето знаење и вашите вештини  ке излезат на површина побрзо и повидливо од вашиот пол. Ве повикувам да бидете упорни во своето образовно и професионално надградување како и во докажување на  вашата способност, зошто безбедноста и мирот во светот и во нашата држава се премногу скапи за да можеме да си дозволиме да бидат раководени од кадровски решенија кои се базирани на стереотипи кои одамна ги прегазило времето“, рече Несторовска.

https://www.youtube.com/watch?v=4giOt05xWSI