Трибина посветена на реформите во образованието
Во Охрид, денес се одржа трибина посветена на реформите во образовниот процес, кои ги предлага Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
На средбата учество зедоа заменик градоначалникот на Охрид, Ристе Николески, како и директорите на општинските основни училишта, наставници и родители од советот на родители.
Директорите на училиштата извршија презентација на официјалните податоци на МОН поврзани со новите реформи. По завршувањето на презентацијата се отвори дискусија на која збор зедоа наставниците и претставниците од советот на родители. Беше разговарано за ставовите на сите заинтересирани групи и беа дадени одредени предлози за подобрување на образовниот процес и најавените реформи.