29/03/2024
Охрид

Трибина „Се менува ли визурата на Охрид со новите урбанистички и архитектонски решенија“

Здружението на граѓани „СОВЕСТ“ Охрид, организира трибина на тема „Се менува ли визурата на Охрид со новите урбанистички и архитектонски решенија“.

Трибината се организира со цел да се слушне гласот на стручната и пошироката јавност, за одредени урбанистички и архитектонски решенија, кои драстично го менуваат изгледот на градот.

„Уверени сме дека ваквите решенија ќе предизвикаат социјални и културни импликации, кои ќе имаат негативни последици врз целокупното живеење во Охрид.“ – велат од Здружението на граѓани „СОВЕСТ“ Охрид.

Трибината ќе се одржи денеска во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18:30 часот.