28/03/2024
Струга

Трибина во Струга со наслов „#МладиМКЕУ – можности без граници“

Денеска со почеток во 15:00 часот, на летната тераса во х. Дрим – Струга, ќе се одржи јавен настан – трибина со наслов „#МладиМКЕУ – можности без граници“ на која говорници ќе бидат претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи.

На настанот, освен обраќањата на говорниците ќе има и отворена дискусија со публиката во врска со можностите од влезот на Република Македонија во Европската Унија, кои се отвораат за младите и нивните перспективи.