25/04/2024
Регион/Свет

Тридневна жалост во Србија за деветмината загинати во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

Масовно пукање имаше во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. 14-годишен ученик утрово влезе вооружен во училиштето и почна да пука. Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека се убиени осум ученици и еден чувар.

Претходно беше потврдено дека ученикот кој пукал е уапсен, а според последните информации уапсени се и неговите родители.

Владата донесе одлука за тридневна жалост во цела Србија.