28/03/2024
Охрид

Трифуноски: Нема никакви вложувања во модернизација на спортските објекти и подобри услови за развој на спортот во Охрид

Денес се одржа прес-конференциja на која говореше Коста Трифуноски, технички секретар на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Охрид и Македонија блескаа со спортот. СДСМ го понижи спортскиот работник и спортитстот. СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски сериозно си поигруваат со иднината на спортот и докажаа дека воопшто не водат грижа за спортот и спортските работници.

Оваа локална власт нема никакви вложувања во модернизација на спортските објекти и подобри услови за развој на спортот во Охрид. Од изградбата на четирите спортски сали и подобрување на опремата и хигиенските услови во постоечките спортски сали нема ни трага ни глас.

До каде е модернизацијата на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ како спортски комплекс вклучувајќи сали, базени, балон сала?

Не многу одамна зад превезот на референдумот и Европска Македонија со гласањето за промена на името беше ветувана уште една трибина на фудбалскиот стадион. Помина 30 септември, трибина сѐ уште нема!

Наближува крајот на 2018 година, за кога се вети ставање во функција на модерниот базен, најкапиталниот спортски објект на ВМРО-ДПМНЕ, но ништо и од тоа ветување за Охрид.

Стојаноски ветуваше развој на спортскиот туризам, но како ќе се развиваат спортовите и спортскиот туризам кога не се ивестира.

Каде се ветуваните ваучери за спортот за да ги поддржувате спортистите?

Охриѓани беа излажани со едно евро вложено во спортот, а заштедува 7 евра од фондот. Не само што го нема спортско-финанскиот фонд туку дополнително се кратат пари.

Можностите спортистите да имаат повисоки стандарди за спортување останаа само празни ветувања. Нема ништо во однос на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, никакво подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, а не се создаваат и современи спортски капацитети за подобар развој на спортот.

СДСМ не инвестира во постоечката и во изградба на нова спортска инфраструктура во Охрид.

Што побрзо СДСМ си замине, толку подобро за охриѓани!“ – истакна Трифуноски.