Тројца охриѓани нападнале момче и му го одзеле мобилниот телефон

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д. (23), Р.Т. (26) и А.Д. (19), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

На 07.11.2017 година околу 01:00 часот во Охрид, на ул. „Булевар Туристичка“, пријавените со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 23 годишно лице од Охрид, при што му одзеле мобилен телефон.