Тројца охриѓани краделе во магацински простор

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83) сите од Охрид.

Пријавените, здружени заради вршење кражба, во периодот април-јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се здобиле со противправна имотна корист од 326.000 денари.