24/04/2024
Охрид

Tруење на кучиња на улиците „Цар Самоил“ и „Даме Груев“ во Охрид

На 16.12.2017 година во СВР Охрид било пријавено труење на кучка со четири мали кучиња. Мртвите кучиња биле забележани во двор на ул.„Цар Самоил“ во Охрид. Истиот ден, во СВР Охрид, од страна на граѓанин бил пријавен уште еден случај на труење на куче забележан на ул. „Даме Груев“.

Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.