20/04/2024
Македонија

Тунтев: Договорот е патриотски чин, носи иднина за државата и за сите граѓани

Прес конференција,Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Почитувани граѓани,

Договорот за којшто треба да се изјасниме е висок патриотски чин, носи иднина, за државата и за сите граѓани. Овој Договор го гарантира македонскиот идентитет. Македонски народ, Македонец, Македонка, македонски…Обезбедени-еднаш-засекогаш.

Премногу долго бевме во изолација, заробени во бесперспективноста, безнадежноста, без никакви шанси и изгледи да тргнеме напред и да обезбедиме просперитет и иднина како за нас така и за нашите деца. 

Ова се нови, просперитетни времиња за Македонија и за нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ прво треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови и да земе учество во процесот кој овозможува граѓаните сами да одлучат за европска, односно европска македонска иднина.

ВМРО-ДПМНЕ мора да сврти нова страница, доколку сака да фати чекор со светлата иднина на нашата државата.

Нашата придобивка од Договорот што го потпишаа Владите на Македонија и на Грција е бесценета. Добиваме зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност и просперитетна иднина на нашите граѓани.

Меѓутоа потпишувањето на договорот е само првиот чекор кој води кон она што нашите граѓани го заслужуваат и 27 години го очекуваат.

Следува ратификација на договорот која што ќе обезбеди покана за членство на Македонија во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Потоа обезбедуваме можност граѓаните на Република Македонија да се изјаснат на референдум за ова многу важно и историско прашање, самите непосредно да одлучат за иднината на сопствената држава.

Овој народ заслужува сам да се изјасни за иднината на сопствената држава за својата сопствена иднина и за иднината на своите деца.

Како држава и ние како Собрание и пратеници имаме историска шанса да го трасираме нашиот пат кон Европската унија и НАТО и да создадеме успех за нашите граѓани.

Ова е шанса заеднички да создадеме простор нашите млади генерации својата иднина, својот напредок да ги градат и создаваат во својата држава.

На тој начин обезбедуваме безбедност и стабилност за земјата, гарантираме силни институции, правна држава и еднакви шанси за идните генерации.

Нема враќање назад кон мрачното време на страв, омраза, понижени граѓани и изолација. Македонија тргна напред, живееме слободно, поврзани со светот, градејќи демократско и економски развиено општество за сите.

Велиме ДА, за македонската иднина!