18/04/2024
Спорт

Турнир во баскет 3×3

Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа ждрепка за престојниот турнир во баскет 3×3. На ждрепката беа поканети претставници на сите 12 екипи пријавени на турнирот. Екипите се поделени во две групи од по 6 екипи и ќе играат по принцип секој со секого. Понатаму во елиминациска фаза одат првите четири екипи од двете групи.

Група А

1. Жито леб
2. Охрид Холидејс
3. ЈП Ох. Комуналец
4. Фаворити
5. Аквариус
6. НОА

Група Б

1. Кентерс
2. МТинтернационал
3. Ликвид
4. Општина
5. Леарница
6. Дента Медика

Натпреварите започнуваат оваа недела ( 07. 10 ) во 18 часот. Се покануваат сите љубители на кошарката и спортот да се придружат и да ги проследат интересните натпревари во баскет.