29/03/2024
Македонија

Турскиот туристички пазар атрактивен за хотелиерите и угостителите во Македонија

Македонско–турското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји.

Делегација на Македонија која брои повеќе од педесетина туроператори и хотелиери заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, претставувана од директорот Љупчо Јаневски учествуваат на саемот за туризам во Истанбул, Турција.

Започнувајќи од 31-ви јануари до 3-ти февруари 2019г. претставници на Агенцијата за туризaм, општина Охрид, како и претставници од приватниот сектор, Бадем Турс, Фибула, Генерал Турист, Вардар Експрес, Енџој Балканс, ДМЦ Балканс и хотел Њу Стар ќе ги промовираат туристичките дестинации на Македонија.

“East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibitio-EMITT” е еден од водечките туристички настани во Турција, кој го соединува туристичкиот сектор на национално и меѓународно ниво секоја година.

Репрезентативниот македонски штанд беше посетен од министерот за туризам и култура на Турција, г-дин Мехмет Ерсој со кој институционално ќе се реализираат активности за соработка помеѓу двете држави. Имајки предвид дека ЕМИТ го поврзува Истокот и Западот и претставува мост за туристичка размена, на состаноците со туроператори од Азиските земји се потенцираа активностите за вклучување на Македонија во кружните патувања на Балканот од малезиски, кинески и индиски туристи.

Бројот од 130.000 турски туристи годишно го наметнува интересот и потребата за  отворање на нови авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со други градови од Турција. Има најави и заинтересираност и од филмската индустрија на Турција за вклучување на Македонија во локациите за снимање на телевизиски серии и филмови.

Сорботката на Агенцијата за туризам со Асоцијацијата на туристички агенции и туроператори (ТУРСАБ) од Истанбул резултира со реализација на информативно патување во нашата земја за дваесетина туроператори и медиуми од Турција. Тоа би значело зголемување на Б2Б средбите помеѓу ТУРСАБ и македонските компании и зацврстување на туристичките бизнис врски.