28/03/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Братство-Единство“ во посета на Собранието на РМ

Учениците од петто одделение  од ОУ„Братство Единство“ Охрид, во понеделникот (27.11.2017), нивните теоретски знаења отидоа да ги проверат и прошират надвор од учебникот по општество.  Тие во Скопје ги посетија Собранието на РМ, Владата, Парламентот, Претседателот, Премиерот…

Учениците од мулти етнички состав (три македонски, две турски и една албанска паралелка) непосредно се запознаа со релјефот и природните убавини и богатства на Западниот дел на Република Македонија. Се запознаа со видовите населби и нивната местоположба и оддалеченост од родниот град и нивни карактеристики-специфичности и местоположба-градовите Кичево, Гостивар, Тетово и Скопје.

Тие беа во посета на изворот на реката Вардар-кај селото Вруток, хидроцентралата, набљудуваа воочуваа, забележуваа, споредуваа, правеа интервју со жители од селото и ги поврзуваа и прошируваа стекнатите знаења по општество, јазик, математика и ликовно. Се запознаа со културно-историските знаменитости на Р.Македонија; го посетија Музејот на националната историја на Македонија се до нејзиното осамостојување. Се запознаа со институциите на Р Македонија: Собраниска зграда, Парламент, Министерство.

„Се запознаа со главниот град на Р Македонија-Скопје како најголем град,метропола познат како културен,сообраќаен, трговски, политички и образован центар, се запозна со нашето културно-историско минато. Учениците набљудуваа, воочуваа,забележуваа,споредуваа,правеа интервју со вработените во собранието, ги поврзуваа и прошируваа стекнатите знаења по општество, јазик, математика, физичко, ликовно и музичко. Се запознаа со автопатот кој е во изградба Охрид – Кичево. Патуваа со автобусот и ја запознаваа татковината, ја воочија најголемата планина во Македонија, Шар Планина каде го забележаа и највисокиот врв и првиот снег. Се запознаа и патуваа заедно каде уште повеќе се прошири другарството меѓу учениците од двата наставни јазици, пееја на двата јазици, раскажуваа, прашуваа, разговараа, се смееја. Кај учениците се развиваше и прошируваше другарството и поголемата социјализација на учениците. Посетата придонесе кај учениците: да се изгради чувство за патриотизам,толеранција и соживот, се развиви позитивен однос кон : националните,културните и естетските вредности, се поттикнуваа и манифестираа позитивни емоции – социјализација,колективна заштита и стекнување искуство за осамостојување и грижа за себе,  Се разви интерес за рекреација и се создаде навики за здрав начин на живеење.“- инфомираат од ОУ „Братство-Единство“.