28/03/2024
Дебрца

Ученици од ОУ „Дебрца“ во посета на изложбата „100 години Требениште”

Денес учениците од Основното училиште „Дебрца” беа во посета на ексклузивната изложба „100 години Требениште”, во Археолошкиот музеј, во Скопје.

Превозот за патувањето го обезбеди Општина Дебрца.

„Требеништа е безвременска загатка која обединува. Загатка која за прв пат во својата историја пред нашата и светската јавност се претставува во нејзината блескава целина.

Особено сме горди што Требеништа и се она што тука е пронајдено е наше, а светско.“– велат од Локалната самоуправа.