Ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид учествуваа на „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ
И оваа година, учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид: Ивана Котеска, Стефанија Битолкоска, АнаМари Коцевска, Матеј Исакоски, Михаил Јоноски, Матеј Христоски, Дамјан Смилески под менторство на педагогот Андријана Паскали, покрај во останатите категории учествуваа и во категоријата „Најдобро кратко видео – REEL“, на еден од најзначајните настани за средношколците од стручните училишта, „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ (Младинска Асоцијација на Средните училишта во Македонија), кое што оваа година се одржа во Кавадарци.
„Оваа година се одлучивме да работиме на една доста актуелна тема, особено за оваа возрасна група (период на адолесценција), а тоа е борба против зависности и нивно несвесно влегување во еден лавиринт од кој што некогаш не се излегува.
Младите се жртви на никотин, дроги и коцкање – три тивки убијци што ги уништуваат нивното здравје, разум и иднина. Цигарите и снусот создаваат зависност, дрогите ги убиваат, додека коцкањето ги турка во долгови и очај. Илјадници животи се загубени пред да започнат, додека индустриите што ги хранат овие пороци безмилосно ги ловат најранливите жртви – младите деца кои треба да се иднина на општеството.“ – информираат учениците кои работеа на овој проект под менторство на педагогот Андријана Паскали.
WebOhrid /29.04.2025 / СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид
