20/04/2024
Охрид

Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ во посета на Општина Охрид

Денеска во посета на општина Охрид беа учениците на ОУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец. Четвртоодделенците  поделени во две паралелки ги прими градоначалникот Јован Стојаноски, кој ги запозна со начинот на работа на градскиот Советот, а одговараше и на прашањата кои тие му ги поставуваа за работата и надлежностите на локалната власт. 

Во рамки на посетата учениците беа гости и во кабинетот на градоначалникот, а прошетаа и низ останатите служби на општинската администрација.