29/03/2024
Охрид

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид со високи награди на ГастроМак

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид учествуваа на третиот меѓународен гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2018, кој се одржа во Струмица од 8 до 12 октомври.

На овој натпревар учествуваа јуниори и сениори од повеќе земји меѓу кои Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Албанија,Русија, Сирија … Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории и тоа: приготвување пилешко месо, риба, паста, пица, национални јадења и модерна којна.

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот Блаже Јорданоски освоија два сребрени и еден бронзен медал.

Ангел Карбески за приготвување пилешко месо освои сребрен медал,

Стефан Aврамоски за приготвување риба освои сребрен медал и

Христијан Талески бронзен медал за приготвување паста.

Овој меѓународен натпревар, покрај натпреварувачкиот дел има и едукативен дел, каде учесниците имаа можност да следат мастер класови со врвни светски готвачи.