25/04/2024
Охрид

Ученикот Сергеј Костовски со најдобра поетска творба „Радувај се Охриде, под заштита Светиклиментова“

На ученичкиот литературен конкурс за најдобра поетска творба распишан од општина Охрид по повод 8 Декември, Св. Климент Охридски – Патрон на градот, највисоката награда ја доби Сергеј Костовски, ученик во четврта година во ДСУ Спортска академија под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.

Творбата со наслов „Радувај се Охриде, под заштита Светиклиментова“ беше под шифра „Торжество“. Наградата со износ од 4000 денари беше врачена од страна на градоначалникот Јован Стојаноски на свеченоста пред споменикот на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад. Сергеј Костовски по вторпат ја освојува оваа награда.

Свети Климент Охридски е просветител и апостол на македонизмот. Чест и гордост, задоволство и поттик е поетскиот мозаик на почит, инспирација и љубов кон Патронот. Чувањето на културната, јазичната и националната посебност е исконска должност и аманет.