Учество на МНР Димитров на 13-та КОСАП Конференција

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров учествуваше на 13-та Конференција на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени со Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа што денеска се одржува во Скопје во организација на Собранието на Република Македонија.

Министерот Димитров имаше обраќање во рамките на панелот насловен „Западен Балкан владеен од правото” и притоа се осврна на важноста на воспоставувањето на владеењето на правото во Република Македонија и придобивките од тој процес.

„Ние сакаме да го искористиме пристапниот процес во ЕУ за да развиеме вистинска европска демократија, заснована на владеење на правото. За да успее овој процес, сите чинители во власта треба да го преземат својот дел од одговорноста” – истакна МНР Димитров.

IMG 3379

Учесниците ја поздравија неодамна објавената Стратегија на Европската комисија и констатираа дека истата претставува јасен сигнал за подготвеноста за обезбедување кредибилна европска перспектива на регионот. Во тој конекст, беше акцентирана и важноста од реформската агенда ориентирана кон резултати, како и потребата од сеопфатна општествена заложба во насока на реализација на европските аспирации.