18/04/2024
Охрид

Училишниот простор на ОУ „Живко Чинго“ постојано естетски се уредува

Со сликање никогаш доста… Членовите на ликовната секција од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, под менторство на нивниот ликовен педагог Жанета Стаиќ Митрески постојано работат на естетското уредување на училишниот простор, правејќи го нивното училиште поубаво место за сите деца и вработени.