23/04/2024
Охрид

Учител од Индија во посета на ОУ„Григор Прличев“

Денес во посета на ОУ „Григор Прличев“ денес беше учителот Бхат од Индија, кој преку креативни изработки на оригами, ги запозна учениците, како брзо и едноставно да изработат украси за забави, празници и разни свечености.

„Учениците беа воодушевени од неговите вештини за изработка на оригамите. Истите ги има објавено во книга преведена на 3 јазици, во која е прикажан наќинот на изработка на 21 вид на оригами“. – велат од ОУ „Григор Прличев“.

Покрај ова училиште, учителот од Индија ќе ги посети и останатите основни училишта во Општина Охрид, но и ширум Републиката.