25/04/2024
Македонија

УХМР најавува невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ОД УХМР (локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град)

Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.


WebOhrid / 03.06.2023 / УХМР