УХМР: Нов студен и влажен бран со обилни врнежи од дожд и снег

Од УХМР известуваат дека денес нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.