28/03/2024
Македонија

УХМР: Нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд

Од УХМР известуваат дека нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд ќе има од денес до сабота.

Денес ќе дува засилен јужен ветер, а врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Во петок обилни врнежи се очекуваат на повеќе места, а во сабота во источните делови каде ќе има и услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и околу 100л/м2 дожд. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање.