19/04/2024
Македонија

УХМР: Променливо облачно и ветровито време, викендов минусни температури

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието, како и на планините. Поради продорот на студен воздух од север во текот на денот дневната температура нема многу да расте, а на места и ќе опаѓа. Попладне облачноста ќе се намали.

Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад, кои поради спуштање на постуден воздух од север во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.