20/04/2024
Македонија

УХМР: Сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер

Од УХМР известуваат дека до крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер.

Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.