18/04/2024
Македонија

УХМР: Суво и студено време со ниски утрински температури

Од УХМР информираат дека денес и во петок ќе се задржи суво и студено време со ниски утрински температури. Во сабота ќе има ново зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела повторно следува период на стабилно и суво време, од понеделник со пораст на дневните температури.