25/04/2024
Македонија

УХМР: Утре во западните делови услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег

Утре и во понеделник ќе преовладува облачно време, утре во западните делови со услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег. Од утре попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта и во понеделник ќе се прошири насекаде, па во понеделник ќе биде доста студено и ветровито. Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.