16/04/2024
Македонија

УХМР: Викендов не очекува слаб снег

Од УХМР известуваат дека од денес се уште ќе има повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег.

Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.