18/04/2024
Македонија

УХМР: Влажен бран со локални врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата

Под влијание на влажен бран од денес ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 15 л/м2.

Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови опаѓање на температурата за 6-8 степени поизразено на северот и западот од земјата. На планините особено во ноќните часови врнежите ќе бидат од снег.

Врнежите ќе престануваат во четврток изутрина.