25/04/2024
Македонија

УХМР за утре најавува пороен дожд и грмежи

Од УХМР известуваат дека денес ќе се задржи претежно сончево и топло време, а само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Во вторник попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните делови.

Во среда и четврток ќе биде малку посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Потоа се очекува претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури.