20/04/2024
Македонија

Укината забраната за камиони на преминот Стража

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато се укиинува во 08:45 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража се укиинува во 09:30 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец с. Шипковица- Попова Шапка се укиинува во 09:45 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 09:50 часот.

Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Kрива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешенци, Дебар и Прилеп.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Шипковица – Попова Шапка е намалена на 30-40 метри.