20/04/2024
Охрид

Украден пиштол од автомобил на охриѓанец

На 05.12.2017 година во 10:00 часот во ПС Охрид, М.Ѓ. (1972) пријавил дека во периодот од 01 до 05.12.2017 година во времето од 09:000 до 09:15 часот на подрачјето на Охрид и Струга, од неговото патничко моторно возило „Волво“ со охридски регистерски таблици непознат сторител од фиока во предниот дел на возилото одзел пиштол марка „ЦЗ 99“ и една рамка со 15 куршуми, како и една црна кожна торбичка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривичното дело.