19/04/2024
Охрид

Улицата „Пере Тошев“ доби забавувачи за сообраќај

Општина Охрид, одговори на долгогодишните барања на родителите и постави   два забавувачи   за сообраќај со соодветна вертикална сигнализација на улица „Пере Тошев“ во непосредна близина на  детската градинка „Росица“ во населба Лескајца.

Забавувачите за сообраќај се очекува да ја зголемат безбедноста на дечињата кои секојдневно ја преминуваат улицата.

Согласно проектот за чија реализација е добиена согласност од Министерството за внатрешни работи предвидено е забавувачи на сообраќај да се постават и на останатите градски улици во чија непосредна близина има воспитно- образовни институции  и на останати јавни површини кои се „црни“ точки во сообраќајот.

Проектот е дел од годишната програма  за работа на Фондот за сообраќај и улици, а се  реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид.


WebOhrid / 06.06.2022 / Општина Охрид