06/12/2024
Охрид

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид го посетија семејството на Бесим Селманоски

Денес, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Охрид, го посетија семејството на Бесим Селманоски, кој се наоѓа во исклучителна тешка социјална, материјална и пред се здравствена состојба. Претседателката на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид,  Лидија Петкоска истакна дека во рамките на можностите, а во духот на хуманоста ќе му се помогне на ова семејство, но апелираше, на институционално решавање на проблемот на ова социјално ранливо семејство, решение кое ќе биде на долг рок.

Во оваа насока и лидерот на НВО Коалицијата на Египќаните, Демир Далип, искажа благодарност до сите поединци и институции кои дале помош и подршка на ова семејство, но и тој истакна дека овој проблем треба да го решат надлежните институции, а се со цел, ова семејство да има достоинствен живот. Тој уште еднаш апелираше до сите хумани граѓани, да му помогнат на ова семејство.