25/04/2024
Македонија

Уникатна беровска менувачница

Наш читател кој деновиве го посети Берово ни испрати фотографија од мошне необична менувачница.

Имено, станува збор за деловен простор над кој сè уште стои натпис од поранешна менувачница, а кој простор моментално е продавница за јајца. Интересно е тоа што во продавницата може да се забележи и масло. Којзнае, со оглед на зголемувањето на цените на прехранбените производи особено на маслото, можеби ваква менувачница може да стане и реалност.


WebOhrid / 08.05.2022 / фото: К.Б.