29/03/2024
Охрид

Управувајќи велосипед паднал на коловозот на патот Охрид-Свети Наум, пред Трпејца

На 07.08.2022 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, пред с.Трпејца, К.Б.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, паднал на коловозот.

Во несреќата К.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.