28/03/2024
Регион/Свет

Урсула фон дер Лејн – нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, што е прва жена на оваа позиција.

Таа доаѓа на местото на Жан-Клод Јункер, откако 383 пратеници гласале „за“, 327 „против“, 22 биле воздржани, а едно ливче било неважечко.

Урсула фон дер Лејен е родена е во Брисел во 1958 година, а била член на германската влада од 2005 до 2019 година.

Водејќи се од мотото „Треба да го сториме тоа на европски начин“, таа најави дека ќе се фокусира на амбициозната климатска агенда за Европа и се обврза да соработува со Европарламентот за зајакнување на демократијата и фер социјална пазарна економија во Европа.