19/03/2024
Спорт

Успех на членовите на ШК „ЛАСКЕР“ Охрид на турнирот „Державин“ во Битола

Викендов (26 и 27 јануари) под покровителство на Меѓународниот Славјански Универзитет „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“ во Битола се одржа шаховски турнир, на кој учествуваа 83 млади шахисти од Република Македонија, од кои 12 млади шахисти од ШК ЛАСКЕР Охрид. Турнирот се одржа во единаесет кола со темпо на игра 20’+10”.

На турнирот членовите на ШК ЛАСКЕР ги постигнаа следните резутати:

Јулијан Матески освои бронзен медал во категорија U12.

Константин Лушески освои златен медал во категорија U14 кој воедно беше и шестопласиран во конечниот пласман на целиот турнир. 

Иван Велкоски освои сребрен медал во категорија U14.

Комплетни резултати од турнирот можат да се видат на: http://chess-results.com/tnr404673.aspx?lan=21&art=1&rd=11&flag=30