25/04/2024
Охрид

Успех на охридските претставници на Интернационалниот Бреинобреин натпревар во Дубаи

Интернационалниот Бреинобреин натпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од овој Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата.

„Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрен медал.“– информираат од Црвен крст Охрид.

Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници.