16/04/2024
Охрид

Успех на охридските гимназијалци на регионалниот натпревар по англиски јазик

На 21.04.2018 година се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, а во организација на ЕЛТАМ. И овој пат учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“ покажаа одлични резултати.

Под менторство на проф.Сузана Ристеска, тие ги освоија сите три места со следниот редослед: Павел Спростран – прво, Ангел Јованоски – второ и Кирил Ковачески – трето место. Со тоа учениците обезбедија учество за државен натпревар, кој ќе се одржи во текот на мај во Скопје.

„На учениците им посакуваме среќа и повторно се надеваме на убави резултати. Голема благодарност до локалните координатори на ЕЛТАМ, Елинда Агиќ и Селпи Пошка, за беспрекорната организација и соработка.“– велат од Гимназијата.