Успех на ученици од ОУ „Григор Прличев“ на натпреварот по математика – физика

Во саботата на 17.3.2018 год во ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга се одржа натпревар по математика-физика за добивање стипендија. Во конкуренција од 140 ученици, учениците од Основното училиште „Григор Прличев“ постигнаа високи резултати.

– Ученикот Петар Мишов IX-1 одд го освои I место со најмногу поени на натпреварот и се здоби со стипендија 90% попуст од годишната школарина за сите четири години при упис во ПСУ „Јахја Кемал“.

– Ученичката Анастасија Стојаноска IX-3 одд во категоријата за физика беше трето пласирана.

– Покрај нив во најдобрите топ 20 ученици се пласираа и учениците: Елена Бакреска IX-5, Ева Љушеска IX-1, Ристе Ристески IX-1 и Јана Ангелоска IX-5 oдд.

Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.