18/04/2024
Охрид

Успех на ученици од ОУ „Живко Чинго“ на натпреварот „Игри без граници“

На ден 03.12.2019 година во организација на Извидничко езерски одред „Пионер“ Охрид се одржа натпревар „Игри без граници“ на кој учество зедоа сите училишта во нашиот град.

Училиштето „Живко Чинго“ на ова натпреварување оствари забележителен успех и покрај дружењето и забавата на учениците од четврто до шесто одделение со нивните врсници од другите училишта ги освоија: трето место – четврто Б одделение и прво место – шесто Б одделение.

Училиштето „Живко Чинго“ и во иднина ќе ги поддржува ваквите настани од спортско рекреативен и натпреварувачки карактер.